
Луис Хамилтон е најдобар спортист на Европа
Светскиот шампион во Формула 1 е избран за најдобар спортист на Европа за 2019. година во традиционалниот 62. по ред, во изборот на новинските агенции.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во гласањето кое го организира полската агенција („ПАП“), Луис Хамилтон од Велика Британија триумфираше по третпат во кариерата пред шпанскиот тенисер Рафаел Надал и австрискиот скијач Марсел Хиршер.
Минатогодишниот лауреат, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ заврши на четвртата позиција, додека португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е дури на 18. позиција.
Најдобри 20 спортисти на годината во Европа:
1. Луис Хамилтон (Велика Британија, Формула 1) – 151 поен
2. Рафаел Надал (Шпанија, тенис) – 140
3. Марсел Хиршер (Австрија, скијање) – 76
4. Новак Ѓоковиќ (Србија, тенис) – 71
5. Сифан Хасан (Холандија, атлетика) – 69
6. Виржил Ван Дајк (Холандија, фудбал) – 61
7. Карстен Вархолм (Норвешка, атлетика) – 47
8. Марк Маркез (Шпанија, мотоциклизам) – 47
9. Јанис Адетокумбо (Грција, кошарка) – 46
10. Јохан Тингнес Бе (Норвешка, биатлон) – 44
11. Тереза Јохауг (Норвешка, нордиско скијање) – 43
12. Дина Ашер-Смит (Велика Британија, атлетика) – 32
13. Катина Хосу (Унгарија, пливање) – 31
14. Марија Ласикене (Русија, атлетика) – 27
15. Адам Пити (Велика Британија, пливање) – 22
16. Лука Дончиќ (Словенија, кошарка) – 22
17. Јоханес Клаебо (Норвешка, нордиско скијање) – 22
18. Кристијано Роналдо (Португалија, фудбал) – 19
19. Никлас Каул (Германија, атлетика) – 18
20. Стефанос Чинсиас (Грција, тенис) – 17