Бил Гејтс/Фото: Профимедиа

Луѓе по улица ми довикуваа дека ги следам преку вакцините, се жали Бил Гејтс

Милијардерот и филантроп Бил Гејтс, во интервју за „Би-би-си“ рече дека теориите на заговор за него се „луди“ и дека е „страшно“ тоа што луѓе му довикувале на улица поради таквите „теории“.

Тој долго време се залагаше за вакцини против коронавирусот и даде милијарди на програмите за вакцинација низ целиот свет. Поради тоа стана предмет на бизарни, неосновани тврдења дека се обидува да ги чипира и следи луѓето преку вакцинација.

„На некој начин, речиси и да мора да се смеете, бидејќи тоа е лудост. Дали навистина сакам да ги следам луѓето? Трошам милијарди на вакцини, не заработувам на вакцините, тие спасуваат животи“, рече тој.

Гејтс додаде дека луѓе кои поверувале во теориите на заговор, му довикуваат на улица.

„Неодамна одев по улица и некои луѓе викаа по мене и ми рекоа дека ги следам. Тоа е ужасно“, рече Гејтс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот