Министерство за образование и наука - табла / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Луѓе од научни установи им се заканувале на вработени во МОН – министерството затвори пет приватни институти

„Затворени се пет приватни научни институти, а кај 15-тина се утврдени неправилности, кои тие се задолжени да ги отстранат во соодветен рок. Ова е исходот од досега спроведените надзори на комисијата во Министерството за образование и наука формирана за оваа намена, соопшти министерката Весна Јаневска.

– Дел од институтите се затворени заради неактивност, а дел бидејќи не ги исполнуваа законските услови за работа. Онаму каде констатиравме неправилности, даден е рок истите да ги отстранат за три месеци. Но, мислам дека бројот на затворени научни институти ќе биде поголем – рече Јаневска, додавајќи дека само два института целосно ги исполнувале условите за работа, рече Јаневска во гостување на „Алфа“.

Министерката вели дека некои установи не сакале да соработуваат при надзорите, а во дел од нив дури и биле упатени закани кон вработените во МОН.

– Сѐ што правиме е за подобро образование, ниту една активност нема политичка заднина. Ова е прво предупредување да престанат со закани, а следно ќе биде да пријавиме и да постапат други надлежни институции по тој основ – додаде министерката.

Осврнувајќи се на придобивките кои ќе ги обезбеди предложената нова законска регулатива во образованието, Јаневска рече наскоро по усвојувањето на неколку законски решенија во Собранието, ќе следи кадровско зајакнување на дел од институциите, меѓу кои и Државниот просветен инспекторат и Бирото за развој на образованието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот