Германската авиокомпанија Луфтханза
Авиони на германската авиокомпанија Луфтханза/ Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Луфтханза ќе отпушти 4.000 работници

Германската авиокомпанија Луфтханза денес соопшти дека ќе отпушти 4.000 работници во следните пет години како дел од планот за зголемување на нејзината профитабилност.

Намалувањето на работната сила, најголемото од пандемијата на коронавирусот, ќе се спроведе „во консултација со социјалните партнери“, се вели во соопштението.

Како што се додава во соопштението, „фокусот ќе биде на административните позиции, а не на оперативните функции“, соопшти германската компанија.

Авиокомпанијата има намера да го намали бројот на административен персонал за 20 проценти во наредните години, соопштија два извори, иако точниот број на отпуштања сè уште се утврдува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот