epa08798867 A bartender carries tables as she prepares to close a bar in the Navigli nightlife district on the eve of the entry into force of the last Government decree that will declare the Lombardy red zone and order the closure of non-essential shops, Milan, Italy, 04 November 2020. EPA-EFE/MATTEO CORNER

Ломбардија делумно затворена, земјата поделена на три зони

За разлика од националната блокада пролетта, сега сите фабрики ќе бидат отворени. 

Најновите ограничувања во обид да се спречи ширењето на коронавирусот во Италија вклучуваат делумно затворање на најбогатиот и најнаселен регион на Ломбардија околу финансиската престолнина Милано, изјави денеска премиерот Џузепе Конте.

Владата претходно објави нов пакет мерки што ги заострува националните ограничувања и ја дели земјата на три зони – црвена, портокалова и жолта, во согласност со интензитетот на епидемијата.

Зонирањето зависи од голем број фактори, вклучително и стапки на локална зараза и пополнетост на болницата, а ограничувањата ќе бидат воведени во согласност со тоа.

Во критично погодените црвени зони, на луѓето ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само заради работа, поради здравствени причини или итни случаи, а баровите, рестораните и повеќето продавници ќе бидат затворени.

За разлика од националната блокада пролетта, сега сите фабрики ќе бидат отворени. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот