Стелт дрон н Локхид Мртин САД - Х Извор

„Локид Мартин“ го претстави „Вектис“, новиот стелт дрон на иднината

Тајната развојна дивизија на „Локид Мартин“, позната како „Сканк Воркс“, го најави својот најнов проект  автономен стелт дрон наречен „Вектис“. Компанијата очекува првиот тест-лет да се реализира до крајот на 2027 година, јави „Брејкинг Дифенс“.

Според потпретседателот на „Сканк Воркс“, О.Ј. Санчез, „Вектис“ припаѓа на највисоката категорија на беспилотни летала („Категорија 5“) и е замислен како голем дрон со повеќекратна употреба, прилагодлив за динамичните закани на идното бојно поле.

Широк спектар на мисии

„Вектис“ е дизајниран да покрие повеќе типови операции – од воздух-воздух и воздух-земја борба, до извидување и надзор (ISR). Благодарение на архитектурата на отворени системи, може да се интегрира и со платформи надвор од производството на „Локид Мартин“.

Дронoт овозможува модуларни прилагодувања капацитет за носивост, оперативни сценарија, лесно складирање и брза склопливост, зависно од барањата на клиентот.

„Флексибилноста е вградена во дизајнот“, истакна Санчез.

Обвиен во тајност

Како и кај другите проекти на „Сканк Воркс“, дел од клучните технички карактеристики како моторите или максималната брзина остануваат тајна. Сепак, компанијата нагласува дека суперсонична брзина не е услов за вакви мисии.

Во сегашната конфигурација, „Вектис“ користи писта за полетување и слетување, а конструкцијата е направена од издржливи материјали со лесен пристап до внатрешните системи за одржување.

Компатибилност со авиони од новата генерација

Иако дронот сè уште не извршил реален лет, симулациите и оперативните анализи го поврзуваат со ловците Ф-22 и Ф-35. Според „Локид“, неговиот радарски потпис и комуникациска архитектура се компатибилни со авијацијата од петтата и идната шеста генерација.

Дизајнот на „Вектис“ се потпира врз претходните експерименти на компанијата и прототипите за авионите на иднината, што дополнително ја зголемува неговата стратешка вредност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот