Пожар Батинци Фото: ЦУК

Локализиран пожарот кај Батинци

Локализиран е пожарот во село Батинци, општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– По избувнувањето на пожарот во близина на село Батинци, благодарение на брзата реакција и координацијата на компетентните екипи, огнот е ставен под контрола и моментов не претставува закана за жителите и околните објекти, се наведуав во соопштението.

Директорот на ЦУК Мухамед Али бил на местото на пожарот и ја координирал целата акција. За справување со пожарот биле активирани два авиони-ератрактори, еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, како и единиците на пожарникарите од Скопје, кои, како што се наведува, со висока професионалност успеаја да го локализираат жариштето.

Екипите остануваат на терен за следење на ситуацијата до целосно гаснење на пожарот и за спречување на евентуално повторно активирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот