Фото: МИА

Локација непозната: Во сабота ќе почне изградбата на дел од Коридорот 8

Сè уште е непозната локацијата каде што ќе се „удри“ првиот копач на дел од автопатската делница на Коридорот 8! Министерот за економија Крешник Бектеши, одолеа на притисоците на новинарите да каже каде ќе биде означен стартот на работите на новите автопатишта што ќе ги градат „Бехтел и Енка“, како и дали ќе присуствува на свеченоста и ги упати да ја почекаат официјалната покана од Владата. Паралелно ќе се проектира и ќе се гради, а изведувачот доби обврска тоа да го прави сам или преку домашни проектански фирми. Инаку, експропријацијата на земјиштето се уште не е почната.

-Не знам, ќе проверам во мојата агенда. Почекајте ја поканата – додаде Бектеши.

Според претходните најави на 22 апри (сабота) треба да стартуваат градежните работи на дел од Коридорот 8, а на 12 мај, ќе почне да се гради на Коридорот 10Д. Премиерот Димитар Ковачевски, соопшти дека автопатските делници ќе се изградат и се надева дека имаме доволно градежни работници, механизација и материјали да се испочитуваат 51 отсто од нашите обврски од договорот. Првичните проценки за историски најголемиот инфраструктурен проект во државава се дека ќе чини 1,3 милијарди евра, плус 300 милиони евра за експропријација. Јавното претпријатие за државни патишта веќе објави оглас за работници, а според важечките закони нивното работно време ќе изнесува 40 часови неделно.

И покрај инсистирањето на јавноста, опозицијата и невладините организации, договорот е таен, а владините министри се правдаат дека содржи бизнис информации кои може да им наштетат бидејќи котираат на берза. Министерот за економија, не знаеше дали „Бехтел и Енка“ котираат на берза и ги советуваше новинарите да ја проверат информацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот