Фото: „Алсат“ / принтскрин

Лога го демантира Јолевски: Изненаден сум од изјавата и не ја очекував од висок претставник на судската власт кој треба да ги знае Уставот и законите

Министерот за правда Кренар Лога е изненаден од изјавата на претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски кој вчера изјави дека како извршна власт, Министерството за правда нема право да го бара записникот од седницата на Судскиот совет на која беше разрешена Весна Дамева од функцијата претседател.

Изненаден сум од изјавата на претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски и не очекував од висок претставник на судската власт кој треба да ги знае Уставот и законите ,во јавноста да изјавува дека министерот за правда нема право да го бара записникот од Судскиот совет. Министерот за правда согласно Уставот е член на Судскиот совет по функција. Судскиот совет редовно го поканува министерот за присуство на седниците и испраќа извештаи за својата работа. Членот 15 од Деловникот предвидува дека записникот покрај останатите податоци содржи податоци за дневниот ред што е утврден на седницата, наводите , изјаснувањата и предлозите на присутните на седницата , спроведената расправа, донесените одлуки и резултатот од гласањето, се вели во реакцијата на министерот Лога.

Додава дека записникот се разгледува и усвојува на седница на Советот, а по евентуални забелешки, Советот донесува заклучок кој што е составен дел на записникот на кој се однесувала забелешката.

Усвоениот записник од седницата на Советот го потпишуваат претседтаелот на Советот и генералниот секретар, односно лицето што го водело записникот. Судскиот совет има обрска примерок од записникот да достави до членовите на Судскиот совет по електронски пат. Министерот за правда како член на Судскиот совет има право да реагира и да бара исполнување на обврската за доставување на Записник од седница на Судски совет, потенцира Лога

Додаде дека Министерството со внимание ги следи состојбите во судството и обвинителството и поради тоа увидот ќе помогне во определување на правецот во кој е потребно да се движат законските измени за отстранување на сите недоследности во функција на обезбедување на владеење на правото и реформи во правосудството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот