Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Лоциран е измамникот кој го имитираше Бред Пит: Сега „имитира“ друга славна личност

Измамникот кој се претставуваше како Бред Пит и ја убеди Французинката Ана да му испрати 830.000 евра за лекување е лоциран во Нигерија, пишува „Дејли мејл“.

Марван Уараб, основач на страницата Find My Scammer, и помогна на Ана да го открие идентитетот на измамникот. Тој му испратил порака и кога измамникот ја отворил, Уараб добил пристап до податоците во неговиот мобилен телефон. Набрзо открил дека се претставува како уште една позната личност.

„Сè уште е активен, сега само се претставува како Кијану Ривс“, рече Уараб. Тој изјави и дека во Нигерија има уште неколку млади луѓе кои се занимаваат со истата измама.

„Најдовме 34 жртви само на мобилниот телефон со кој измамникот се претставуваше како Бред Пит“, рече тој. Тој стапил во контакт со нигериските власти и ветил дека ќе ги предаде сите информации што ги собрал.

Потсетуваме дека Ана ги добила неговите фотографии направени со помош на вештачка интелигенција. Измамникот тврдел дека парите му требаат за лекување на бубрегот и дека неговата банкарска сметка била блокирана поради случајот за развод со поранешната сопруга Анџелина Џоли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот