Љутков: Не го чуваме само наследството на светите браќа, туку и го живееме

Македонија не само географски, туку и духовно и културолошки е длабоко вградена во мисијата на светите браќа и нивните ученици, порача министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Порта Македонија, каде се обрати на состанокот на Генералната асамблеја на Европската рута на Светите Кирил и Методиј.

„Реализацијата на Генералната асамблеја токму овде е симболично и значајно бидејќи Македонија не само географски, туку и духовно и културолошки е вградена во мисијата на светите браќа Кирил и Методиј, како и на нивните ученици. Делото на Солунските браќа, што го постави темелот на словенската писменост и духовност, длабоко е врежано во нашето културно наследство и во колективната меморија на македонскиот народ. Овде, на овие простори, нивната мисија не само што беше прифатена – таа продолжи да живее, да се шири, да се пренесува со љубов од генерација на генерација. И денес, како дел од оваа културна рута, ние не го чуваме само нивното наследство туку и го живееме, рече Љутков.

Тој посочи дека Министерство за култура и туризам, со голема почит и ентузијазам ќе продолжи да партиципира и да ги поддржува рутите на Советот на Европа.

„Нашата земја е посветена на зачувувањето и афирмирањето на ова културно богатство и од тие причини, Министерството за култура и туризам ја поддржува и партиципацијата на Македонија во: Винската културна рута, Рутата на римските императори и Дунавската римска рута. За афирмација на рутите кај пошироката културна јавност, минатиот месец го реализиравме и форумот „Културните рути на Советот на Европа во функција на културниот туризам”, на кој учествуваа гости од земјава и од странство, од академскиот, туристичкиот, економскиот и од поширокиот културен сектор”, додаде Љутков.

Тој го нагласи значењето на учеството на Институтот за македонска литература при УКИМ и на Институтот за старословенска култура од Прилеп во рамките на Европската културна рута на Светите Кирил и Методиј, што според него ќе придонесе за значајна културна, научна и туристичка промоција на кирилометодиевското наследство нераскинливо поврзано со духовната почва на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот