Горан Марковиќ / Фото: Македонски телеком

Љушев си оди, Горан Марковиќ е новиот главен извршен директор на „Македонски телеком“

Горан Марковиќ ќе стапи на позицијата главен извршен директор на „Македонски телеком“ од 1 јули 2025 година, соопшти компанијата. Тој е менаџер со богато искуство и повеќе од 20 години на лидерски позиции во телекомуникациската индустрија во земјава и во странство. Во текот на својата кариера, Горан бил на високи раководни позиции во две од водечките интернационални компании во индустријата – „Дојче телеком“ и „Теленор“.

Марковиќ доаѓа во „Македонски телеком“ од „Т-мобајл Полска“, каде што од 2020 година беше главен комерцијален директор и член на Одборот, постигнувајќи позитивен пресврт во комерцијалните резултати и подобрувања во оперативната ефикасност. Тој се стекнал со диплома по применети компјутерски науки на Универзитетот на Црна Гора и диплома по менаџмент и бизнис администрација на Универзитетот „Шефилд” и има завршено неколку врвни меѓународни програми за лидерство. Неговата обемна експертиза, ефикасно лидерство и докажана репутација во реализацијата на резултати и стратегии за раст ќе бидат клучни за компанијата да ја задржи својата водечка позиција во дигиталната трансформација на македонското општество, велат од „Македонски телеком“.

Неговиот претходник, Никола Љушев, по седум години на позицијата главен извршен директор, презема нова улога во групацијата „Дојче телеком“ на проект за стратешка и оперативна трансформација на мрежата на „Телеком“ за Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот