
ВИДЕО | Љубов поголема од сè: Таско објави емотивно видео за првиот роденден на својата ќерка Кирјана
Македонскиот пејач Христијан Тасковски – Таско денеска ужива во еден од најубавите и најемоционални моменти во својот живот – првиот роденден на својата ќеркичка Кирјана. По тој повод, пејачот сподели емотивно видео на социјалните мрежи, кое ја раскажува нивната приказна од првиот ден, од моментот на раѓањето на малата принцеза, па сè до нејзината прва насмевка, првиот чекор и првата свеќичка.
Препорачано
Во описот под видеото, Таско напиша зборови кои го допреа срцето на сите негови следбеници. Неговиот текст е вистинска животна заклетва на татко кон ќерката:
„Не знам кај ќе нè носи патот низ животов. Но, знам дека кога надвор ќе врне, ќе бидам твојот чадор. Кога ќе е ладно, ќе бидам тука да те стоплам. Кога светот ќе се руши, ќе направам нов. Кога животот ќе те бутка, ќе бидам зад тебе. Не можам да бидам тука засекогаш, но ветувам дека се дур дишам, ќе ја имаш мојата заштита, поддршка и љубов. Среќен роденден крофно моја, и фала ти што ме направи подобар човек.“
View this post on Instagram
Кирјана, која е најмалиот член на семејството Тасковски, денес е центарот на вниманието и радоста. Таа расте опкружена со бескрајна љубов, не само од своите родители, туку и од постариот брат Лукијан, кој гордо ја чува.
Сцените од видеото, заедно со зборовите на Таско, се вистински доказ дека љубовта на родителот е најмоќната сила во светот, сила која гради светови, руши препреки и создава љубов која трае вечно.
Честитките за малата Кирјана пристигнуваат од сите страни, а Таско уште еднаш покажа дека зад рефлекторите на сцената стои човек кој пред сè е посветен татко и сопруг.