Лиз Трас/ Фото EPA-EFE/MILAN JAROS

Лиз Трас наследничка на Борис Џонсон на премиерската функција

Лиз Трас е наследничка на премирското место , кое изминатите години го вршеше Борис Џонсон, Трас е избрана за лидер на британската конзервативна партија.

Трас беше фаворит да го наследи Борис Џонсон и да ја преземе власта додека земјата се бори со растечката криза на вртоглаво зголемените животни трошоци.

Министерката за надворешни работи Трас и нејзиниот ривал, поранешниот министер за финансии Риши Сунак, го поминаа летото собирајќи поддршка меѓу членовите на Конзервативната партија, кои ја донесоа конечната одлука на гласањето.

Трас (47) со тоа ќе стане третата британска премиерка, по Тереза ​​Меј и Маргарет Тачер.

Таа постојано беше пред Сунак (42) во анкетите меѓу околу 200.000 ториевци со право на глас.

Трката за лидерство започна во јули, откако Џонсон ја објави својата оставка по серијата скандали и оставки на неговите владини претставници.

Гласањето по пошта и онлајн беше затворено во петокот по осум недели кампања, што Трас го опиша за Би-Би-Си како „најдолгото интервју за работа во историјата“.

Сепак, гласањето може да не го одразува општото јавно мислење.
Сандеј тајмс пишува дека идниот шеф на британската влада ќе се соочи со „најлошата ситуација за нов премиер од Тачер“.

Британија е погодена од најлошата криза на трошоците за живот во последните генерации, со двоцифрена инфлација и скок на цените на енергијата поради руската војна во Украина.

Милиони Британци велат дека ќе се соочат со болен избор помеѓу храна и греење оваа зима, при што сметките ќе се зголемат за 80 отсто од октомври, а уште повеќе од јануари, според анкетите.

Трас водеше кампања за ветување дека ќе ги намали даноците и ќе даде приоритет на економскиот раст, исто како што се предвидува дека Британија ќе влезе во рецесија подоцна оваа година.

Во неделата, таа рече дека „во рок од еден месец ќе претстави целосен план за тоа како ќе ги намалиме даноците“ и „ќе ја поттикне британската економија“.

Трас стана министер за надворешни работи пред една година, откако имаше низа високи функции во министерствата, вклучително и образованието, меѓународната трговија и правдата.
Во 2016 година, таа водеше кампања за Британиа да остане во Европската унија, но брзо ја смени лојалноста кога Британците го поддржаа Брегзит.

Во вторник  Џонсон ќе  најави одржување  проштален говор во Даунинг стрит, по што и официјално ќе поднесе оставка до кралицата Елизабета Втора, која пак ќе го  покани неговиот наследник да формира нова влада.

За прв пат во своето владеење, 96-годишната кралица ќе назначи премиер во своето шкотско седиште Балморал, наместо во Бакингемската палата во Лондон.

Тоа е затоа што кралицата имаше проблеми со подвижноста и беше принудена да откаже бројни јавни настапи.

Трас ќе и биде 15-ти премиер на Биртанија откако кралицата Елизабета го презеде тронот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот