Доминик Ливаковиќ („Хрватска“) блескаше во пенал серијата против Јапонија/Ал Вакра, Катар/5 декември 2022/фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Ливаковиќ не е доволно добар за Баерн

Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ бележи феноменални настапи на Светското првенство во Катар и воедно е еден од „виновниците“ за одличниот резултат на хрватската репрезентација и пласманот во полуфиналето. Хрватскиот голман не само што ја штити мрежата во регуларниот дел туку е и вистински ноќен кошмар при пеналите, нешто што сами осетија Јапонците и Бразилците.

Голманот на Динамо со одличните настапи го примами интересот на европските великани, а и покрај тоа што се поврзуваше со трансфер во Баерн Минхен, германскиот клуб ја отфрли можноста за негов ангажман.

„Човекот кој го запре Бразил за мене секогаш ќе биде херој. Секоја чест за Ливаковиќ, таков голман мора да игра за врвен клуб. Не се сомневам и дека така ќе биде, но во исто време тој не е во нашата зона на интерес“, вели легендарниот голман Оливер Кан кој сега има раководна функција кај „баварците“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!