Фото: EPA-EFE/MAURICE VAN STEEN

Ливаковиќ е нов голман на Фенербахче

Хрватскиот голман, Доминик Ливаковиќ е нов член на Фенербахче, потврди денес турскиот клуб.

Ливаковиќ со клубот од Истанбул потпиша договор на пет години. Кариерата голманот ја започна во Задар, потоа осум години настапуваше за Динамо за кој одигра 293 натпревари.

Дресот на репрезентацијата на Хрватска го носеше на 45 натпревари и освои сребро и брзона на Мундијалите во 2018. и 2022. година.

Во Фенербахче хрватскиот голман вкупно ќе заработи 7.6 милиони евра со вклучени бонуси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!