Фото: TAMAS KOVACS HUNGARY OUT

„Листопадна“ тоалетна хартија – ролните сè помали и поскапи

Некои од најпознатите производители на тоалетна хартија во светот сега имаат над десет пати помалку листови во нивните ролни отколку пред шеесет години. За разлика од листопадните дрвја, кои се обновуваат секоја пролет, ролните на таолетната хартија стануваат сè помали и поскапи, што предизвика бес кај потрошувачите во САД. Додека производителите се борат со актуелната криза која го уништи и пазарот за дрво за правење тоалетна хартија, социјален работник од Сан Франциско толку се изнервирал што создал калкулатор за пресметување на вредноста на ролните кои ги нарекува „бонсаи“, пишува магазинот Business and Finance.

Во време кога сè станува огромно, од масовно производство до бази на податоци, повеќето производи всушност се намалуваат. Производителите ја намалуваат тежината или бројот на артикли во пакувањето, па за иста или повисока цена купуваме сè помалку јогурт, сладолед, чоколадо, грицки, замрзнати оброци, детергент, пелени…

Овој обид за совршена измама – за клиентот да не забележи дека е измамен, стана главна деловна стратегија за преживување во ек на светската криза и деловна војна меѓу производителите и потрошувачите во последните години.

Едгар Дворски, основачот на сајтовите за едукација на потрошувачи „Mouse Print“ и „Consumer World“ постојано открива измами во производството и трговијата, па затоа е посочен како експерт на оваа тема од бројни медиуми ширум светот. Но, помалку е познато дека овој поранешен помошник на главниот обвинител во Масачусетс бил тесно специјализиран за измами поврзани со приватноста на клиентите и дека со децении страсно следи злоупотреби со тоалетна хартија, пишува магазинот Business and Finance.

Дворски тврди дека измамата со тоалетна хартија е неприкосновен лидер на пазарот. Особено кога се набиени во пластифицирани пакувања. Истрагата што ја спроведе овој адвокат задолжен за заштита на потрошувачите покажува дека клиентите во шеесеттите години на минатиот век не ни знаеле колку имаат среќа во оваа деликатна работа.

На пример, тогаш познатиот бренд на тоалетна хартија „Шармин“, произведен од компанијата „Проктер и Гембл“, имал неверојатни 650 листови во една ролна! Нивниот број веќе до 1975 година паднал на 500, а во 1979 година ролната од истата тоалетна хартија падна на 400 листови. Тогаш, до 1988 година беа мизерни 280 лисја, во 1992 година, уште помизерни 170, а денес таа опустошена ролна има мизерни 56 листови, значи повеќе од десет пати помалку од онаа порасната пред шеесет години.

Малопродажната цена на тоалетната хартија во најпознатите малопродажни синџири во САД моментално се движи од 22 до 29 долари за 30 ролни. Овој производ поскапе за над 20 отсто од 2019 до 2023 година, се вели во извештајот на американското биро за статистика, во кој се посочува дека поскапувањето на тоалетната хартија е меѓу водечките во целокупното поскапување во текот на наведениот период.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот