Фото: EPA

Листата на Епстин: Кејт Бланшет, Леонардо Дикаприо и Камерон Дијаз демантираат каква било поврзаност со озогласениот педофил

Новообјавените правни документи поврзани со педофилот Џефри Епстин именуваат неколку филмски ѕвезди, вклучувајќи ги Кејт Бланшет, Леонардо Дикаприо и Камерон Дијаз.

Сепак, сите тројца актери објавија деманти за каква било лична вмешаност со Епстин, кој се дружеше со членови на британското кралско семејство и други познати личности. Нивните имиња се спомнуваат само еднаш во досега објавените обемни докуменбти, кои опфаќаат стотици страници, за време на сегментот во кој сведокот негира дека некогаш се сретнал со ѕвездите, пишува „Индепендент“.

Додека откривањето на првата серија судски досиеја, објавени по наредба на судијата во декември, ги вклучува имињата на жртвите, пријателите и соработниците на Епстин и Гислејн Максвел, многумина на списокот немаат директна врска со сексуалниот престапник.

На пример, имињата на Бланшет и Дикаприо се спомнати во изјава на сведок, цитирајќи лажен извештај во печатот во кој се тврди дека сведокот ги сретнал. Други холивудски ѕвезди кои се спомнати во овој дел се Кевин Спејси, Брус Вилис и режисерот на „Војна на ѕвездите“ („Star Wars“) – Џорџ Лукас.

Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Името на поединци не укажува на никакво злосторство или вмешаност во злосторствата на Епстин. Бланшет, Дикаприо, Дијаз, Спејси, Вилис и Лукас не се обвинети за какво било кривично дело или вмешаност во злоупотребата на Епстин.

Како што е забележано во документите, адвокат ја прашал Јохана Сјоберг, една од жените кои досега го обвинија Епстин: „Видов еден медиумски извештај во кој пишуваше дека сте се сретнале со Кејт Бланшет или Леонардо Диаприо?“

Сјоберг одговорила: „Не ги сретнав, не. Кога зборував за нив, тоа беше кога го масирав [Епстин], и тој се симнуваше – тој беше многу на телефон во тоа време, и еднаш ми рече: ‘О, тоа беше Леонардо’ или  ‘Тоа беше Кејт Бланшет или Брус Вилис’. Таква работа“.

Кога адвокатот ја прашал Сјоберг дали Епстин „намерно спомнувал имиња за да ги импресионира другите“, таа одговорила: „Да“, па потврдила дека „не ги запознала“ споменатите актери.

Во изјава за „Индепендент“, претставниците на Камерон Дијаз, Кејт Бланшет и Леонардо Дикаприо децидно ја демантираа поврзаноста на актерите со озогласениот сексуален престапник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот