Поради туристите, младите Шпанци не можат да си дозволат свој дом - Фотографија ЕПА, Хуан Хереро

Листа на 10-те најевтини градови во Европа – Тирана, Загреб и Сараево се меѓу нив

Со оглед на тоа што многумина се жалат на високите цени во Европа, списанието Tајм Аут одлучи да направи листа на градови што вреди да се посетат во 2025 година ако имате ограничен буџет. Популарните дестинации во Грција, Шпанија, Италија и на други места страдаат од масовниот туризам, а цените почнуваат да изгледаат слично насекаде. Но, не плашете се, ако вашиот буџет е ограничен оваа година, сè уште има места што можете да ги посетите без да потрошите многу пари – објавува Б92.

Секако, се подразбира дека „евтиниот град“ е многу субјективен и зависи од голем број фактори: од кој град сте пристигнале, во кое време од годината пристигнувате и сè друго. Нивниот список на евтини дестинации во Европа има сè, од успешни главни градови до потценети.

Десетте најевтини градови за посета во 2025 година се Тирана, Софија, Загреб, Каунас, Рига, Сараево, Краков, Букурешт, Кингстон на Хал, Чешки Крумлов. Tајм Аут пишува дека крајбрежјето на Албанија бележи мал раст на туризмот во последните години бидејќи е алтернатива на поскапите дестинации како Грција.

Тирана е богата со историја од комунистичкиот период, интересни музеи, шарени мурали и одлични ресторани и барови. И покрај тоа што е главен град на Хрватска, Загреб е доста потценет, скриен во сенката на популарни дестинации како Сплит и Дубровник, но тој е брилијантно прифатлива дестинација – пишува новинарот на „Тајм Аут“, пренесува Каматица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот