фото: Принтскрин

ЛИСИЦИ ЗА ХОЛИВУДСКАТА АКТЕРКА: Џејн Фонда уапсена на митингот за климатски промени (ВИДЕО)

Американската актерка Џејн Фонда беше уапсена кај американскиот Капитол, бидејќи таа мирно протестираше против климатските промени.

На актерката и уште една активистка им беа ствени лисици на рацете и однесени во полициско возило, а на социјалните мрежи се појави видео од апсењето.

Фонда се најде меѓу 16-те уапсени поради незаконскиот протест и е обвинета за „пречење и опструкција“. Актерката беше ослободена неколку часа подоцна.

Пред нејзиното апсење, Фонда во својот говор ги нарече климатските промени „колективна криза што бара итно колективно дејствување“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот