Линдзи Лохан - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Линдзи Лохан откри зошто го напуштила Холивуд: „Во Дубаи приватноста е клучна, можам да живеам нормален живот“

Филмот „Чуден петок“ го доби своето продолжение по повеќе од 20 години, а Линдзи Лохан, која во тоа време беше тинејџерска ѕвезда, повторно ја заинтригира јавноста. Имено, триесет и деветгодишната актерка неодамна, во ТВ-шоуто „Во живо со Кели и Марк“  проговори за својот приватен живот.

Откри зашто го напушти Холивуд пред повеќе од 10 години и се пресели во Дубаи, објави „Пејџ Сикс“.

– Многу е далеку од Холивуд и можам да живеам нормален живот – рекла Лохан.

Таа изјавила дека нема грижа дали некој ќе ја фотографира неа или нејзиниот син на улица. Кога водителката Кели ја прашала дали има папараци таму и дали ја фотографираат додека е, на пример, во ресторан, Лохан одговори:

– Не, тоа не е легално. Не можеш да фотографираш некого ако си во ист ресторан. Мора да побарате дозвола од лицето, што е многу различно од овде – изјави Логан, што ја шокираше водителката, а потоа додаде:

– Да, приватноста е клучна.

Лохан живее во Дубаи од 2014 година. Таа се омажи за финансиерот Бадер Шамас во 2022 година, а една година подоцна добија син.

Лохан претходно зборуваше за тоа колку е тешко да се живее под рефлекторот на јавноста, а во 2018 година рече дека може да „направи 99 добри работи и една лоша работа, и дека таа лоша работа ќе биде она на што сите ќе се фокусираат“.

– Можам да бидам најдобрата верзија од себе, тоа никогаш нема да се спомене. И јас сум човек, и јас правам грешки. Но, тоа е она за што сите секогаш зборуваат, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот