Фото: mtftennis.mk

Лина Ѓорческа со напредок од 32 места на ВТА листата

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, оствари значителен напредок од 32 позиции на најновата ВТА листа објавена утринава.

Како резултат на пласманот во финалето на турнирот во Букурешт, Ѓорческа сега се наоѓа на 207. место во светот, а враќањето во топ-200 е сè поблиску. Доколку вчера ја победеше Лили Тагер во мечот за титулата, ваквиот успех ќе беше уште поголем, но уште има простор за напредок до крајот на сезоната.

Ѓорческа бележи импресивен напредок во последниот месец – од средината на август, кога се наоѓаше на 355. место, до сегашното 207. место. Најдобриот пласман во нејзината кариера е 170. место, што го оствари во 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот