
Ликвидација по „српски рецепт“, изрешетан јужноафрикански фудбалер (ВИДЕО)
Двајца напаѓачи на мотор го чекале моментот Бачелор да го паркира автомобилот во својот двор, по што беа истрелани рафали низ прозорот, а напаѓачите веднаш избегале во непознат правец.
Препорачано
– Бачелор е убиен по „српски рецепт“. Имавме неколку такви убиства во последниве години во Јоханесбург – велат извори од полицијата.
Не се познати мотивите, но јужноафриканските медиуми, поточно порталот „Саут Африкан“, информира дека вакви криминални чинови се препознатливи за српските криминалци кои владеат со тамошното подземје.
Јужноафриканската новинарка Менди Винер вели дека под лупа се платени убијци од Србија.
– Убијците избегале, и дури не се обиделе да земат пари ило било што од автомобилот на жртвата. Користеле полуавтоматско оружје, групирани во мал простор. Сè беше направено брзо и професионално. Полицијата, ова убиство на Бачелор, според начинот на извршување, го поврзува со серијата убиства во кои како жртви или сторители, се инволвирани Срби, а сега се испитуваат неговите односи со српското подземје во Јоханесбург – рече Винер.
Breaking News: Former Kaizer Chiefs FC,Orlando Pirates FC and Mamelodi Sundowns FC player Marc Batchelor shot dead outside his house. #RIPBatchelor pic.twitter.com/1IAVcrh0tb
— #TKO2019Champions ? ? ? (@Madumetja_SoLo) July 15, 2019
Бачелор е инаку е една од најголемите ѕвезди на јужноафриканскиот фудбал. Своевремено играше за двата најголеми клубови на таа земја, Орландо пајратс и Кајзер чифс.