
„Лидл“ мора да плати казна од 53 илјади евра за неправеден третман кон малитe добавувачи во Хрватска
Високиот управен суд на Република Хрватска ја отфрли жалбата на Лидл и ја потврди пресудата на Управниот суд во Загреб, кој го отфрли барањето на Лидл за поништување на одлуката на Хрватската агенција за конкуренција. Хрватската агенција за конкуренција го казни Лидл за „користење значителна преговарачка моќ со наметнување неправедни трговски практики на тројца од неговите добавувачи“.
Препорачано
По жалбата на Лидл, Управниот суд го прифати ставот на Агенцијата „дека е неприфатливо, покрај сите дозволени договорни контроли на квалитетот на производите, Лидл бара од добавувачите да плаќаат паушални суми како процент од вредноста на стоката што ја примил секој добавувач, без оглед на резултатите од анализата“. „Доколку трговецот сака да го провери квалитетот со дополнителна анализа, овој трошок не може да го плати добавувачот (производителот), туку мора да го покрие купувачот (трговецот). Во спротивно, префактурирањето на трошоците за вакви анализи може да се смета за надомест за услуги што не биле обезбедени“, се наведува во одлуката.
Со донесување на нова одлука по жалбата на Лидл и упатствата на Управниот суд, административната постапка беше завршена и беше заклучено дека Лидл користел значителна преговарачка моќ со наметнување на нефер трговски практики во однос на три добавувачи. Земајќи ги предвид сериозноста, обемот, времетраењето и последиците од прекршокот за добавувачот, како и утврдените олеснителни околности, Агенцијата му изрече казна на Лидл од приближно 53.000 евра. Оваа одлука стана конечна и Лидл ќе мора да го плати износот во наредните денови, oбјави Даница.хр.