Фото: EPA-EFE/Ramil Nasibulin/BELTA

Лидерот на опозициската партија на Белорусија осуден на 14 години затвор

Белорускиот опозициски лидер Виктор Бабарико, кој планираше да учествува на претседателските избори во август 2020 година против Александар Лукашенко, но беше уапсен неколку недели претходно, денеска е осуден на 14 години затвор поради корупција.

Виктор Бабарико е осуден на 14 години затвор, а казната ќе ја издржува во затвор со зголемена безбедност, објавија приврзаниците на опозицијата на Твитер.

Бабарико е осуден за примање поткуп и перење пари, објави белоруската невладина организација Вјасна, повикувајќи се на пресудата на Врховниот суд.

Бидејќи пресудата беше изречена од Врховниот суд, на Бабарико не му е дозволено да поднесе жалба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот