Јаир Лапид/ Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN / POOL EPA POOL

Лидерот на израелската опозиција бара да се нормализираат односите со Саудиска Арабија

Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид денеска побара од премиерот Бенјамин Нетанјаху да ги нормализира односите со Саудиска Арабија, како што предлагаат САД.

– Нетанјаху треба да најави дека стапил во преговори со Саудијците, вклучувајќи го и делот за Палестина, посочи лидерот на опозициската партија Јеш Атид“ (Има иднина).

Според Лапид тоа ќе ги поткопа и напорите за кривично гонење на Нетанјаху пред Меѓународниот кривичен суд.

– Во Хаг нема да гонат премиерот кој е во историскиот мировен процес. Ова ќе го реши проблемот со Хаг, проблемот во Газа, а исто така ќе ни помогне да добиеме притисок од Саудијците за ослободување на заложниците, истакна Лапид.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан пред два дена му пренел на Нетанјаху дека постои можност Израел да ги нормализира односите со Саудиска Арабија доколку Ерусалим се согласи на патот кон идната палестинска држава. Нетанјаху одговори дека нема да прифати палестинска држава, дури и со нормализирање на односите со Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот