Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија - Фотографија ЕПА, Али Али

Лидерот на Хамас Ханија ја потврди смртта на своите тројца синови

Лидерот на Хамас Исмаил Ханија во интервју за телевизијата „Ал Џезира“ ја потврди смртта на своите синови и рече дека Израел ги убил, воден од „духот на одмазда и убиство“.

Ханија изјави дека неговите синови загинале како маченици на патот за ослободување на Ерусалим и џамијата Ал Акса.

„Непријателот е воден од духот на одмазда и убиство и не почитува никакви норми или закони“, рече Ханија во телефонско интервју од катарската престолнина Доха, каде живее во егзил.

Лидерот на „Хамас“ додаде дека убиството на неговите деца нема да изврши притисок врз „Хамас“ да ја омекне својата позиција во преговорите со Израел за прекин на огнот во Газа.

„Непријателот верува дека со целењето на семејствата на водачите ќе ги натера да се откажат од барањата на својот народ. Секој кој верува дека целењето на моите деца ќе го натера Хамас да ја смени својата позиција е во заблуда и ќе биде разочаран“, додаде Ханија.

Тројцата синови на Ханија, Хазем, Амир и Мохамед се убиени во израелски воздушен напад, објавија претходно денеска медиумите поврзани со Хамас. Тие биле во автомобил кога се упатиле кон бегалскиот камп Шати во градот Газа. Во нападот загинаа и двајца од внуците на Ханија, а третиот беше повреден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!