Лидерите на ЕУ се залагаат за користење на замрзнатите руски средства за помош на Украина

Литвиската премиерка Евика Силина денес на состанокот на лидерите на ЕУ во Копенхаген нагласи дека Европската Унија мора да ги користи руските средства замрзнати поради инвазијата на Украина.

„Замрзнатите руски средства треба да се искористат максимално за да ѝ се помогне на Украина“, изјави денес естонскиот премиер Кристијан Михал, иако прашањето продолжува да предизвикува несогласувања меѓу членките на ЕУ, наведува Ројтерс.

Тој оцени дека „Русија апсолутно ја тестира Европа“.

„На Украина ѝ треба повеќе, во однос на оружје, помош и пари. Треба да ги користиме замрзнатите руски средства колку што е можно повеќе за овие цели“, рече Михаил пред состанокот со лидерите на ЕУ во Копенхаген.

Минатата недела, Европската комисија предложи да се користат замрзнати руски средства за финансирање на таканаречен заем за репарации што би ги поддржал воените напори на Киев во време кога се намалува воената помош на САД.

Финскиот премиер Петери Орпо потврди дека Финска, исто така, ја поддржува предложената употреба на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина.

„Ни треба силен и одржлив долгорочен пакет за Украина преку користење на замрзнатите руски средства. Тоа е многу добра идеја и мислам дека треба да ја спроведеме“, рече Орпо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ