Фото: Фејсбук

Лицето што го ДЕМОЛИРАШЕ зелениот покрив е газда на хотел – Не му дале да ја користи терасата, па решил да ја УНИШТИ

Лицето кое синоќа го демолираше зелениот покрив на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје е газда на хотел кој се наоѓа во трговскиот. Вработени во ГТЦ за СДК.мк велат дека откако ги виделе снимките од безбедносните камери веднаш го препознале сторителот. Тој, според нив, барал градината што се прави на покривот да се користи како тераса за објектот.

Од ГТЦ велат дека снимките од безбедносните камери ќе се предадат на Министерството за внатрешни работи.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов инаку на својот фејсбук-профил ги објави сликите и снимките од мажот кој го демолирал зелениот кров на ГТЦ, кој моментално е во изградба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот