Лицата со попреченост нема да протестираат, се надеваат на договор со Владата

Фото: Слободен печат

Владата во наредните седум дена треба да најде решение за да ни се исполнат барањата, изјави за „Слободен печат“ Суарет Алишан од Коалицијата „Менуваме“.

Протестот на лицата со попреченост кој беше најавен за среда ќе биде ставен во мирување, откако се договориле Владата во наредните седум дена да најде решение за да им се исполнат барањата, изјави за „Слободен печат“ Суарет Алишан од Коалицијата „Менуваме“.

– Владата прави напори да исполни три од нашите барања – покачување на додатокот за попреченост и покачување на детскиот додаток , отворање регионални и дневни центри за овие лица, како и намалување на старосната граница – од 26 на 18 години – за остварување права од социјална и здравствена заштита. Сега тие добиваат само 5.000 денари. Доколку се прифати барањето, полнолетните лица со инвалидитет ќе можат да остварат право на гарантирана минимална помош во износ од 7.000 денари, плус додаток за лица со попреченост кој сега изнесува 7.100, а очекуваме да достигне 12.000 денари – вели Алишан, инаку лице со оштетен вид.

Претходно, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска рече дека ќе поттикне средба со градоначалниците со цел да се испорачаат сервиси и услуги во што е можно пократок рок заради отворање дневни и ресурсни центри.

Дел од барањата за кои уште не е најдено решение се ангажманот на лични асистенти кои ќе имааат статус на вработени, значи со платено пензиско осигурување. Исто така, се бара лицата со попреченост да добијат организиран превоз, регистар на ниво на државата, помагалата да бидат на товар на Фондот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот