zz
Знаме на Хезболах/ Фото Архива на Слободен печат

Либан планира разоружување на Хезболах до крајот на годината

Либанската влада ѝ наредила на армијата да подготви план за ставање на целото оружје под државна контрола до крајот на годината – што би значело и разоружување на Хезболах и другите вооружени групи во земјата, пренесе Ројтерс.

Премиерот Наваф Салам го објави предлогот денеска на седница на кабинетот, на која според либанските медиуми, главна тема било токму разоружувањето на Хезболах – во согласност со барањата на Соединетите Американски Држави.

Иако предлогот е ставен на маса, премиерот додаде дека дискусијата за ова чувствително прашање е одложена и ќе продолжи на следниот состанок на владата, закажан за четврток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот