
Либан: Лидерот на Хезболах е убиен откако се согласил на прекин на огнот
Шефот на либанската дипломатија Абдала Бу Хабиб во интервју за Си-ен-ен изјави дека поранешниот лидер на Хезболах, Хасан Насрала, е убиен веднаш откако се согласил на привремен прекин на огнот со Израел.
Препорачано
Примирјето, кое вклучуваше 21 ден, беше предложено од САД, Франција и другите сојузници, наведува Си-ен-ен.
-Тие ни рекоа дека г-дин Нетанјаху се согласил на ова и така ние исто така добивме согласност од Хезболах за ова и знаете што се случи оттогаш – изјави либанскиот министер за надворешни работи Абдала Бу Хабиб за Си-ен-ен.
Тој во интервјуто рече дека Либан се согласил на прекин на огнот преку преговорите на Хезболах, а за тоа ги информирале Американците и Французите.
За оваа тема зборуваат и други либански официјални лица.
-Хезболах ја потпиша оваа заедничка изјава што беше објавена, а која се повикува на прекин на огнот, 21-дневен прекин на огнот, и веднаш откако почна да бара дипломатско решение според резолуцијата на Советот за безбедност – изјави амбасадорот Рами Мортада за Би-би-си.
„Бевме на вистинскиот пат обидувајќи се да разговараме за дипломатска алтернатива на сегашниот ќорсокак, но загреаните глави во Израел избраа поинаков пат“, додаде амбасадорот.