Скопје, Јуни 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Левица денеска поднесува приговори до ДИК, поради извршените неправилности и украдени гласови

На социјалната мрежа фејсбук се појави настан креиран од извесен Винариј Анчевфски со кој се повикува на протест пред ДИК на 18 јули со наслов „Протест против изборниот грабеж врз Левица“.

Притоа, настанот е ислустриран со изборниот материјал од Левица на чело со Димитар Апасиев, на која се носителите на листите во изборните единици на парламентарните избори, поради што и настанот се поврзува со партијата.

Сепак, синоќа на официјалната Фејсбук страница на Левица се појави известување со кое се укажува дека тие не се креатори на настанот и дека се работи за лажен профил и се бара од членството да го пријават.

Исто така, оттаму наведуваат дека денеска Левица ќе поднесува приговори до ДИК, поради извршените неправилности, и како што тие велат, украдени гласови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот