Левица: Антиработнички потег на Димитриеска Кочоска, им ги укина надоместоците на плата на адинистративците до изборите

Левица реагира на потег на Министерството за финансии и министерката Гордана Кочоска Димитриеска, откако беше донесена одлуката со која се стопира исплатата на додатоците и надоместоците за плата на работниците во јавниот сектор до завршување на локалните избори.

Од партијата велат дека ваквиот потег е „антиработнички“ и „неуставен“ и претставува директен удар врз правата на работниците.

„Антиработничката власт предводена од Мицкоски деновиве во сите државни институции истакна скандалозно соопштение дека на работниците нема да им се исплатуваат додатоци и надоместоци од плата, поради изборниот процес за локалните избори! Ова значи дека работниците во јавниот сектор нема да добијат додатоци и надоместоци за плата, кои се однесуваат на работа за празник, ноќна работа, работа во недела, прекувремена работа итн. На работниците во јавниот сектор им е ускратено и правото за надоместоци на плата како јубилејни награди, за починат член на семејство, теренска работа и слично“, велат од Левица.

„Расипничката власт на ДПМНЕ до крајот на локалните изборите воопшто нема да ги исплатува овие додатоци и надоместоци на плата, додека истовремено троши милионски суми за службени возила, луксузни патувања на функционерите и тендери на фирми блиски до ДПМНЕ. Очигледно е дека овие средства, дрско украдени од работниците, ќе завршат за предизборната кампања на власта која тоне политички со својот рејтинг. Работниците, на кои законски им следуваат овие надоместоци, ќе останат со помалку средства на својата сметка само затоа што владата, преку министерката Гордана Кочоска Димитриеска, донела неуставна и незаконска одлука! Согласно позитивните законски прописи, работничките права предвидени со закон и колективен договор не можат никако да се ограничат со акт на работодавецот. До Левица стигнаа голем број поплаки од работници, кои добиле одговор дека сите исплати на плата ќе бидат прекинати до завршување на изборите“, се вели во реакцијата.

Редно е министерката Кочоска да ја надмине својата анти-работничка ароганција и додека мери колку литри млеко испиле работниците, да ја повлече оваа незаконска и скандалозна одлука и да не организира избори на грбот на работниците!“ – се вели во објавата на партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!