Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Левандовски и друштвото останаа без селектор

Фудбалската федерација на Полска потврди дека Чеслав Михневич повеќе не е селектор на националниот тим.

Полска успеа на Светското првенство да ја помине групната фаза и да стигне до осминафиналето каде што не можеше против финалистот Франција. Осминафиналето не беше доволно за Михневич да остане на селекторската функција.

„Му се заблагодаруваме на Чеслав Миневич за 11-месечната работа.   тој го презеде тимот во многу тешко време. И покрај овие околности, тој успеа да се пласира на Светското првенство во плеј-офот, како и да одржи место во елитната дивизија на Лигата на нации. Исто така, ја предводеше репрезентацијата до осминафиналето на Светското првенство за првпат по 36 години. Поради тоа заслужува благодарност, му посакуваме среќа и успех во понатамошната кариера“, изјави првиот човек на полскиот фудббал, Кулеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот