
Лекарите од Детска клиника сториле низа пропусти поради кои почина 14-месечното бебе
Доктори од Клиниката за детски болести на 3 октомври годинава направиле превид кога не го хоспитализирале 14-месечното женско бебе кое почина, покажа стручниот надзор на Министерството за здравство. Како што објави „Слободен печат“, родителите го носеле бебето во болницата но биле одбивани за хоспитализација.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“ пак, констатирана е неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии.
– Стручниот надзор утврди пропусти од 3 типа: системски, технички и во однос на стручноста. Во системските утврдено е непостоење на препораки или алгоритми за тријажа на пациенти при прием и дека има потреба од континуирана обука за докторите на Детска клиника за срцеви болести. Во однос на техничките пропусти, во Козле е утврдено дека има потреба од апарат за респираторна поддршка и унапредување за организирање на транспортот од една до друга установа – рече министерот за здравство Арбен Таравари.
Таравари кажа дека извештајот од комисијата ќе биде испратен до двете клиники и до Етичката комисија во Лекарската комора и оти се надева дека ќе биде разгледан сериозно и ќе се преземат мерки.
За случајот со 31-годишната родилка од Куманово која почина на 27 септември, комисијата не констатирала пропусти.