Фото: EPA-EFE/Kicki Nilsson

Легендарниот Свен Горан Ериксон објави проштална порака: Треба да прифатиме дека и смртта е дел од животот

Славниот Свен Горан Ериксон, кој веќе подолго време боледува од рак во поодминат стадиум, објави проштална порака.

Ериксон и претходно зборуваше дека е свесен за својата состојба, а сега одлучи да се поздрави со сите.

„Имав добар живот. Мислам дека сите се плашиме од денот кога ќе умреме, но треба да прифатиме дека и смртта е дел од животот. Се надевам дека на крајот луѓето кои ме познавале ќе кажат дека бев добра личност. Сакам да ме паметите како позитивна личност која се трудеше да направи сè што може. Благодарност до сите тренери, играчи, навивачи… Беше фантастично. Грижете се и чувајте го својот живот, живејте здраво“, изјави Ериксон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот