Фото: Alicya Gomes/Instagram

Легендарниот Ромарио во врска со 38 години помлада девојка

Eден од најдобрите фудбалери во историјата, Бразилецот Ромарио кој денес има 59 години се најде во центарот на вниманието поради својот љубовен живот.

Најдобриот фудбалер во светот за 1994 година зад себе има три брака во кои доби седум деца, а низ годините често пати беше забележуван со помлади девојки. Сепак, неговата последна врска привлече најголемо внимание.

Имено, како што пренесуваат бразилските медиуми, Ромарио сега е во врска со 21-годишната студентка Алиша Гомеш. Иако, Ромарио се обидувше да ја сокрие врската со 38 години помладата девојка не успеа во тоа бидејќи повеќе пати бил забележан во јавноста.

За репрезентацијата на Бразил, Ромарио собра 70 настапи во кои постигна 55 гола, а по завршувањето на фудбалската кариера започна да се занимава со политика и денес е сенатор на Рио Де Женеиро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!