Фото: EPA-EFE/ANDREA SOLERO

Легендарната Шифрин стигна до 100. победа на Светскиот куп

Легендарната Микаела Шифрин денеска испиша историја во Светскиот куп стигнувајќи до својата 100. победа на слаломот во Сестриера.

Издоминира Шифрин и до победата стигна со време од 1:50.33. Освен победата за Шифрин за издвојување од денешната трка е и промената на лидерската позиција во генералниот пласман.

Камила Раст која беше лидер до денес не ја заврши трката и тоа го искористи Зринка Љутиќ од Хрватска кое со второто место во слаломската трка го презема генералиот пласмна. Како трета денес заврши сонародничката на Шифрин, Паула Молтезан.

Во генералниот пласман Љутиќ има 489 бодови, 39 повеќе од Раст на три трки пред крајот од сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот