Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Легендарен тенисер нема дилеми: Доколку Ѓоковиќ победи на Вимблдон, ќе биде најдобар во историјата

Новак Ѓоковиќ се наоѓа на три победи од израмнување на рекордот на Рожер Федерер и Рафаел Надал по бројот на освоени грен слем титули.
Српскиот тенисер има 19 грен слем титули и во четвртфиналето на Вимблдон каде е главен фаворит за трофејот, го очекува дуел со Мартон Фучович од Унгарија.
За многумина доколку Новак Ѓоковиќ триумфира на Вимблдон, ќе стане најдобриот тенисер во историјата бидејќи во негова сопственост со бројни рекорди кои се недостижни за Рафаел Надал и Рожер Федерер.
Седумкратниот грен слем победник, Џон Њукомб е последниот кој смета дека победата на Вимблдон му го гарантира на Ѓоковиќ статусот на најдобар во историјата.

– Доколку Ѓоковиќ го освои Вимблдон, тогаш може да се смета за најдобар тенисер во историјата. Федерер ќе остане играч со најубав стил, Надал има квалитети поради кои може да го сметаме за најдобар, но Ѓоковиќ е најблиску до тоа што се смета најдобар во историјата. Фактите се на неговата страна. Новак многу напредуваше на трева и таа сега му е омилена подлога покрај тврдата, Впрочем на земјени терени постои само еден играч кој е подобар од него, а на сите останати подлоги, Новак Ѓоковиќ е најдобар – изјави Њукомб кој додаде дека Србинот му е фаворит за триумф на Вимблдон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот