фото: EPA-EFE/ADAM DAVIS

Леброн Џејмс застана во одбрана на Лука Дончиќ

Трејдот помеѓу Далас маверикс и Лос Анџелес лејкерс, во кој Лука Дончиќ дојде во Лејкерси во замена за Ентони Дејвис, Макс Кристи и првиот пик на драфтот во 2029 година, одекна гласно.

Се шпекулираше дека Дончиќ е „префрлен“ во Лејкерси поради вишок килограми, но и во тој случај трејдот остана во очите на многу кошаркари и љубители на играта под обрачот, со оглед на тоа дека Словенецот е еден од најдобрите офанзивни кошаркари во НБА, а воедно е и шест години помлад од Дејвис.

Мнозинскиот сопственик на Маверикс, Патрик Думонт, беше критичен кон Дончиќ и неговите работни навики.

Кошаркарската легенда Леброн Џејмс преку Инстаграм одговори на критиките, бранејќи го својот нов соиграч Лука со турска поговорка: „Кога кловн влегува во палата, тој не станува крал, туку палатата станува циркус“.

На овој начин Џејмс му возврати на газдата на Далас, со оглед на тоа што стана мнозински сопственик на Маверикс во 2023 година, купувајќи го клубот од Марк Кјубан, заедно со семејството Аделсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот