Фото: Фејсбук

Лажна вест за бесплатна карта за автобус се шири на Фејсбук, граѓаните да не „наседнуваат“ на измамата

Новоформирана страница на Фејсбук, наречена „Транспортна карта на град Скопје“ на граѓаните им нуди можност до крајот на месецов да си купат картичка „скопска“ и за тоа да добијат бесплатен превоз една година. Дека станува збор за измама или за невкусна шега е повеќе од јасно, а тоа го потврдија и од ЈСП „Скопје“.

Град Скопје започна кампања за подобрување на животната средина, охрабрувајќи ги жителите повеќе да користат јавен превоз! Скопска карта нуди бесплатен градски превоз за една година! Не одлагајте! Специјалната понуда важи до 31 август 2024 – се вели во објавата.

 

Од ЈСП соопштија дека измамата веќе е пријавена во МВР.

ЈСП „Скопје“ утврди лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка „Скопска“ објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена „Транспортна карта на град Скопје“, која не е поврзана со ЈСП „Скопје“. Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните. Јавно сообраќајно претпријатие  ја пријави измамата во МВР и очекува брзо постапување од надлежните за изнаоѓање на сторителите на измамата и очекува итно преземање на сите законски мерки за заштита на ЈСП, се вели во нивното соопштение.

Во услови кога состојбата со градскиот превоз е очајна, а јавното претпријатие во долгови, некој решил да се пошегува или да ги „изигра“ скопјани. Веруваме дека никого не измамиле со нивната објава и дека граѓаните не ги оставиле личните податоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!