Лазар Шќепановиќ: Сите убиства во Цетиње се извршени за половина час

Директорот на Управата на црногорската полиција Лазар Шќепановиќ денеска изјави дека сите убиства кои ги изврши во Цетиње Ацо Мартиновиќ на 1 јануари годинава, се извршени за 30 минути, известува „Танјуг“.

Шќепановиќ вели дека „околу 17 часот и 15 минути после вербалниот инцидент во кафеаната, Ацо Мартиновиќ со автомобил отишол на непозната локација, се вратил во 17 часот и 20 минути и почнал да пука во сите лица во објектот“.

-Од 17 часот и 20 минути до 17 часот и 24 минути тој лишил од живот 4 лица, а ранил 3. Меѓу овие лица се наоѓал и Ј.О, кој заедно со него отишол во возилото и се оддалечил на нозе на друга локација во населбата Хумци, каде во тој момент немавме пријава, рече Шќепановиќ. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот