Лавров и Ушаков пристигнаа во Ријад/Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN MINISTRY PRESS SERVICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Лавров: Зеленски да не се однесува глупаво, Путин ќе седне на маса кога ќе дојде време за тоа

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека во последните три-четири дена Западот го ставил зборот „прекин на огнот“ на задната страна.

Тој додаде дека денес има многу креативни дипломатски решенија засновани на сигурни принципи, на рамнотежа на интереси, за да не избувнуваат повторно кризи.

„Сега сите зборуваат за Украина, во врска со интригата што се случува во Истанбул. Прво, Зеленски изјави дека барал лично Путин да дојде… Кутриот, тоа им е јасно на сите, освен на него, веројатно и на оние што го водат. Тогаш неговите постари соборци му објаснија дека не треба да се однесува толку глупаво и дека преговорите се неопходни“, рече Лавров.

Според Лавров, дипломатијата не е работа на шпекулации, туку на делување. А за да се делува потребно е тоа да се прави професионално.

„Професионално – тоа значи да не викате во микрофонот како Зеленски дека бара тој лично Путин да дојде на преговори кај него, туку да работи вистинска работа“, посочи министерот.

Имено, како што забележува Лавров, британските власти го водат Зеленски „низ џунглите на меѓународната политика“.

„На Зеленски веќе му е доделен одреден советник на британскиот премиер за национална безбедност, за тој да не направи ништо непотребно и целосно да го закопа својот углед и угледот на оние што го обучуваат“, рече министерот.

Ниту Берлин, ниту Париз, ниту Брисел, а особено Лондон не сакаат никаков мир во Украина, нагласи Лавров и додаде дека Европа разбира дека некако мора да размислува за себе, сега кога САД се оддалечуваат од давање активна поддршка.

Во таа ситуација, наведува тој, како и досега, Европејците меѓусебно разговараат за тоа дека не смее да се запре мобилизацијата на Европа против Русија и во таа смисла „Украина е непроценлив инструмент“.

Тој додаде дека во последните три или четири дена Западот го ставил зборот „прекин на огнот“ на задната страна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот