Рубио и Лавров на средба во Ријад/Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN MINISTRY PRESS / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Лавров и Рубио разговарале околу новата рунда преговори за Украина идната недела

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров разговарал по телефон со американскиот државен секретар Маркo Рубио, пренесе „Анадолија“.

Лавров го информира Рубио за подготовките за новата рунда разговори меѓу Москва и Киев, објави руското Министерство за надворешни работи. Рубио, како што е наведено во соопштението, ја нагласил подготвеноста на Соединетите Американски Држави да помогнат во приближувањето на ставовите на двете страни.

Рускиот министер за надворешни работи претходно денес изјави дека втората рунда разговори меѓу Русија и Украина ќе се одржи во Истанбул на 2 јуни и дека руската делегација е подготвена да ѝ достави меморандум на Украина на таа средба.

За време на разговорот, тие потврдија дека постои подготвеност од двете страни да го продолжат дијалогот меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји врз основа на меѓусебно почитување. Тие разговараа за актуелни прашања на билатералната агенда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот