Рубио и Лавров на самит на АСЕАН во август 2025 г. / Фото: EPA/FAZRY ISMAIL

Москва: Лавров и Рубио го потврдија заедничкиот интерес на Русија и САД за решавање на кризата во Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров разговараа за ситуацијата во Украина и развојот на билатералните односи во Њујорк, соопшти утрово руското Министерство за надворешни работи.

Според соопштението, Рубио и Лавров на средбата го потврдија својот заеднички интерес за решавање на кризата.

Лавров ја нагласи подготвеноста на Москва да се придржува до линијата дефинирана од претседателите на двете земји, Доналд Трамп и Владимир Путин, за време на средбата во Алјаска, пренесува РИА Новости.

Како што е наведено, Рубио и Лавров ја нагласија важноста од продолжување на работата на дипломатските мисии и се согласија да продолжат со конструктивниот дијалог меѓу нивните агенции за надворешна политика.

Државниот секретар на САД на средбата со рускиот министер за надворешни работи изјави дека Москва треба да преземе чекори кон трајно решение на конфликтот во Украина.

„Рубио го повтори повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за запирање на убиствата и потребата Москва да преземе значајни чекори кон трајно решение на руско-украинската војна“, објави претходно Стејт департментот.

Претходно, руските медиуми објавија дека средбата меѓу шефот на руската дипломатија и американскиот државен секретар во Њујорк завршила синоќа.
Разговорите се одржале зад затворени врати и траеле еден час.

Последниот пат кога Лавров и Рубио се сретнале беше на маргините на настанот на АСЕАН во Малезија во јули оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот