Фото: Maкедонија Ѓорче Петров

„Лавовите“ покажаа сила – Македонија ЃП убедливо го порази Арсими

Македонија ЃП ја забележа четвртата победа сезонава откако со убедливи 4-1 против Арсими во деветтото коло од Првата фудбалска лига.

Уште на почетокот на натпреварот, „Лавовите“ создадоа неколку добри шанси, а првиот гол падна во 13. минута кога Клинтон Осеи асистираше на Ѓорѓи Стоилов, кој прецизно шутираше за водство од 1-0.

Во продолжението, Арсими се обидуваше да се врати во игра, но домашните фудбалери беа поорганизирани. По осум минути од второто полувреме, Мартин Талаков го удвои резултатот, искористувајќи една неодлучност во одбраната на гостите.

Арсими намали на 2-1 преку Шефит Шефити во 63. минута, но брзо потоа гостите останаа со играч помалку поради исклучување на Џемиљ Јахији.

Домаќините ја искористија бројчаната предност, а колумбискиот играч Гереро со гол во празна мрежа ги зголеми водството. Конечниот резултат го постави Кире Маркоски во 89. минута, за убедлив триумф од 4-1.

Со ова Македонија ЃП се искачи на 12 бодови, додека Арсими останува со осум. Следното коло „лавовите“ ќе гостуваат кај Работнички, а Арсими ќе се сретне со Тиквеш.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот