
Лапорта: Реал Мадрид е клубот кој има помош од судиите, а против нас играа валкано
Претседателот на Барселона предизвика бурни реакции во јавноста со изјавата за најголемиот ривал Реал Мадрид.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Имено, првиот човек на каталонскиот гигант истакна дека од редовите на „кралевите“ играле валкано додека против нив се водел судскиот процес дека плаќале судии.
Случајнот „Негреиро“ за купување судии од Барселона предизвика реакции во шпанската јавност, Барселона се соочи со тешки обвиненија и се најде на удар на јавноста. Сепак, на крајот судот пресуди дека Лапорта и неговиот тим немале врска со случајот.
Според Лапорта во тој случај „вмешано прсти“ има и Реал Мадрид.
„Реал Мадрид играше валкано против нас со извештаи против судиите на нивната телевизија. Со таквите извештаи тие го променија она што навистина се случуваше во нивна корист и прикажаа погрешна слика. Реал Мадрид е тимот кој е фаворизиран од судиите. Никој не може да докаже дека ги купивме судиите затоа што тоа не сме го направиле. Кампањата беше со цел да се уништи нашиот углед. За среќа нашите партнери ни веруваа и не паднаа во замката“, изјави Лапорта.
Доби прашање Лапорта и за трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.
„Ние имаме за цел да ја освоиме Лигата на шампионите. Не сакам да зборувам многу за Мбапе. Верувам во нашата филозофија и производството на сопствени таленти од „Ла Масија“, смета Лапорта.