Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Лапорта потврди: Барселона за Јамал одбила понуда од 200 милиони евра

Првиот човек на Барселона, Жоао Лапорта откри дека каталонскиот гигант добил понуда од 200 милиони евра за услугите на 16-годишниот Ламин Јамал, но истата била одбиена.

Јамал игра фантастично во Барселона и важи за еден од најпреспективните фудбалери во светот. Преку агентот Жорге Мендеш тим на кој не му се открива името понудил неверојатна сума за Јамал, меѓутоа Лапорта не размислувал премногу.

„Денешниот пазар е поинаков. За Јамал добивме понуда од 200 милиони евра, но нашиот одговор беше „не“. Ние имаме голема доверба во него и во неговите спортски амбиции кои се поврзани со Барселона. Без разлика на она што се случува во медиумите, ние не сме под притисок да ги продаваме најдобрите фудбалери. Точно е дека минуваме низ фаза на финансика стабилизација, но гледаме и светло на крајот на тунелот. Во летниот преоден рок ќе бидеме активни, но нема да купуваме суперѕвезди“, изјави Лапорта.

Ќе потсетиме, споменатата понуда од 200 милиони евра е само малку пониска од сумата од 222 милиони евра за која Нејмар премина од Барселона во ПСЖ и која се уште е светски рекорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот