Архива на СП

Ланскиот ориз неоткупен, ќе се собира овогодишниот

Оризопроизводителите го очекуваат најавениот откуп на 2.400 тони ориз за стоковите резерви по цена од 37 денари, но бараат измени на условите за откуп. Околу 5.000 тони оризова арпа од ланската жетва стои во амбарите на земјоделците, а голема количина стои непласирана и кај откупувачите. За помалку од два месеца стартува жетвата новата реколта, а годинава оризот е застапен на околу 4.000 хектари.

Во очекување на откупот на ориз за стоковите резерви, оризопроизводителите се загрижени бидејќи владината уредба ги ограничува со откуп на 800 килограми по декар. Од Националната земјоделска мрежа бараат да се земе предвид произведената количина, а непријавените земјоделски површини.

– Откупот за стоковите резерви само ќе го ублажи, но нема да го реши проблемот со неоткупениот ориз од минатогодишната жетва – велат земјоделците, објави МРТ.

Околу пет илјади тони оризова арпа стои неоткупена во амбарите на земјоделците, но стои непласирана и во магацините на откупувачите. Се очекува Владата да помогне во пласманот на ланскиот род, како би имало услови за откуп на овогодишниот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот